Американскиот претседател Обама минатиот месец посочи дека државата се уште е посветена на верувањето дека „Девојче родено во најголема сиромаштија ги има истите шанси за успех со сите останати затоа што е Американка, слободна и еднаква не само во очите на Бога, туку и во нашите очи“.
Сепак Штиглиц вели дека „Статистичко чудо е Американец да се искачува на социјалната скала“, бидејќи „Економската мобилност во САД е помала од онаа во повеќето европски држави, особено Скандинавките“. Штиглиц вели дека според бројни анализи „Шансите Американците да успеат во животот, денес, повеќе од кога било досега, зависи од родителските примања и образование“. А образованието според него е извор за нееднаквоста.
– Се помалку луѓе можат на децата да им обезбедат приватно образование, а разликите почнуваат од раѓањето, бидејќи богатите деца од мали одат на музички и други уметнички додатни активности. Доколку тој тренд не се смени работите ќе станат уште полоши. Дел од политиките делуваат спротивно, поддршката на државните училишта опаѓа, студентите мака мачат со кредитите, а сето тоа се случува кога дипломата е важна како никогаш до сега ако сакаме пристојна работа, вели Штиглиц во анализата за Њујорк Тајмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


