| четврток, 6 декември 2018 |

Кина: Нема санкции против нашите пријатели од Северна Кореја

Кина нема да дозволи Обединетите нации да преземат дополнителни санкции против Северна Кореја. Кинеските власти стојат на верувањето дека Пјогјанг треба да прекине со нуклеарните проби, но го потсетуваат Советот за безбедност дека, сепак, Северна Кореја, е нивни пријател.

Поддршката на Северна Кореја, Комунистичката партија на Кина, ја изрази во уреднички коментар во својот дневен весник Глобал тајмс. Партијата смета дека Северна Кореја не би требало да ги трпи санкциите кои и ги наметнуват САД, Јапонија и Јужна Кореја.

-Кина се соочува со тежок дипломатски проблем. Единствениот избор што го има е да стоири се што треба за да се избегне дополнително комплицирање на состојбите. Кина е против нуклераните проби на Северна Кореја и доколку тие продолжат, ќе и биде ускратена помошта. Но, сепак, Кина и понатаму и е пријател на Северна Кореја -пишува во Глобал тајмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top