| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеска војска стои зад хакерските напади

Таена единица на кинеската војска стои зад серијата хакерски напади од висок профил во светот, објави американската компанија за информатичка безбедност, Мандијант. Според компанијата која е ангажирана како советник на американската влада за информатичка безбедност, откриено е дека организациите кои во последните три години ги хакирале страниците на агенциите на американската администрација, на американските компании и весници „имаат седиште претежно во Кина и кинеската влада апсолутно е запознаена со нивните активности“.

Мандијант тврди дека зад нападот стои Единицата 61398, која и припаѓа на кинеската војска и има седиште во Шангај. Ќ

– Време е да прифатиме дека заканите доаѓаат од Кина и мораме да ги подготвиме стручњаците за тоа, апелира компанијат.

Таа приложува докази дека Единицата 61398 украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организации во светот од 2006 година до денес. Најголем број од жртвите се од САД, но ништо подолу не котираат и Канада и Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top