Власта на Никола Груевски го узурпираше правото на граѓаните на Република Македонија за слободно изразување на нивната волја, рече Зоран Заев.
СДСМ не го признава изборниот процес – ниту за парламентарните избори ниту за изборите на претседател на државата. Граѓаните на Македонија се измамени. Власта на Никола Груевски најбезобразно спроведе нефер и недемократски избори.
Ова го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата по завршувањето на изборниот молк, неколку минути по 19 часот.
– Власта на Никола Груевски го узурпираше правото на граѓаните на Република Македонија за слободно изразување на нивната волја. Вршена е целосна системска контрола врз гласачите. Го злоупотребија целиот државен систем во свој партиски интерес – рече Заев.
Тој додаде дека штабовите на опозицијата биле под полициски надзор.
– Припадниците на полицијата се инволвирани во вршење притисок врз гласачите. Партиските штабови на опозицијата беа под надзор на специјалните единици на полицијата – рече Заев, кој додаде:
– Овие избори не ги признаваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


