Во Општина Струга до 17 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори во Република Македонија од вкупно 58.027 граѓани со право на глас излегле 29,13 проценти.
Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани, од вкупно 57.144 граѓани колку што се евидентирани во Единствениот избирачки список, до 17 часот, своето право на глас за предвремените парламентарни избори го дале 38,49 проценти од нив.
-Изборниот ден досега тече мирно и без проблеми. До ОИК никој досега не пријавил каков било инцидент – вели Хани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



