Верната и страсна навивачка на РК Вардар, светскиот топ модел Катарина Ивановска, го искористи неколку неделниот престој во Скопје, за директно од трибините да го поддржи својот тим.
На синоќешниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во еден глас за Вардар пееше заедно со нејзината добра пријателка, Тамара Тодевска.
Манекенката неодмна ја основа фондацијата „Катарина Ивановска“ која ќе им помага на децата од социјално загрозените семејства.
Тамара, пак, секојдневно се подготвува за настапот на „Евровизија“, каде ќе ги брани боите на Македонија по третпат, овојпат како придружен вокал на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


