
Жестоки реакции од редовите на опозицијата недолго после започнувањето на вториот круг од изборите за Претседател на Македонија и единствената рунда во која се гласа за членовите на парламентот во наредните четири години. Според нив има сериозно нарушување во нивниот планиран ред на овие избори и можно е да победат тотално неочекувано.
„Првиот круг на гласањето помина со голем број на ограбени гласови, невидливи нинџа-гласачи од Пустец, Северна Африка, Гренланд, Камчатка и Фиџи, кои на број беа точно 60 илјади или сосема доволно за да првиот круг на гласање не помине во пата-пата ситуација туку во тата-мата во корист на Ѓорѓе Иванов. Но тогаш барем се знаеше дека има нерегуларности, веднаш го забележавме тоа сите ние 20-тина души во земјава кои успеавме да го избришеме маркерот од десниот палец“, изјави портпаролот на опозицијата мафтајќи со влажна марамица.
„Ова марамче на 13-ти април го избриша недемократскиот темен маркер од палците на сите гласачи, особено од прстите на оние кои гласаа за Стево Пендаровски. Што тогаш тоа значеше? Дали требаше повторно да гласаме ние со избришаните палци и Пендаровски да победи со 400.000 гласа разлика? Или едноставно бидејќи беше обележан десниот палец, требаше да претпоставиме дека тоа е круг во кој победата ќе ја однесе кандидатот на десницата?“, запраша портпаролот.
„Но ние не го сторивме тоа и добрите вили на изборите оваа недела ни овозможија обележан да биде левиот палец, „лајкот“ на опозицијата, симболот на промените во Македонија. Утрово уште во 07:01 веднаш после гласањето стотици наши членови со влажни марамици, корка од банана, сјај, прашок за перење и тазе урина се обидоа да го избришат својот палец, но безуспешно. Тоа нам ни кажува само едно: победата може да биде и наша!“, велат од опозицијата.
„Ако не победиме и сега неколку наши членови ќе се обидат да видат дали можеби повторно има нерегуларности и маркерот може да се извади со циркулар или пила за сечење дрво. Ако успеат така да го дотераат валканиот палец, тоа ќе биде добар индикатор дека оваа недемократска власт повторно прави малверзации во процесот на избирање и дополнително сака да ни создаде физичка болка да се обидуваме да одгатнеме со што оваа недела може да се избрише гласачкиот офарбан палец“, ја заврши својата прес конференција портпаролот на опозицијата.
Бидете на оваа фреквенција, будно ги следиме обидите на опозицијата за бришење на палците, нивниот основен кочничар за неуспехот во првиот круг.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


