| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се надевам дека ќе победи Македонија

gruevski glasa652

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, попладнево гласаше во избирачкото место во Основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во скопската општина Кисела Вода.

– Само што го искористив моето гласачко право и можам да кажам дека досега, до 15 часот, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера. Имаме мирни избори и се надевам дека така ќе остане до крајот на изборниот ден и дека ќе победи Македонија пред сè – изјави Груевски по гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top