| четврток, 6 декември 2018 |

Во Крива Паланка одѕивот е 37 проценти до 13 часот

glasanje 08 (Custom)

Во Крива Паланка до 13 часот на 47-те избирачки места за предвремените парламентарни избори гласале 6.408 граѓани што е излезеност од 37,3 проценти, додека за претседателските 6.412 или 37,13 отсто.

– Во избирачкиот список се запишани 17.208 лица со право на глас за избор на пратеници, а за шеф на државата право на глас имаат 17.277 граѓани од Крива Паланка – информира претседателот на Општинската изборна комисија Георге Ристовски.

Досега од избирачките одбори не се приситигнати забелешки, ниту приговори во однос на гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top