
Рим е подготвен да пречека три милиони верници и туристи денеска по повод канонизацијата на папите Јован Дваесет и трети и на Јован Павле Втори. Во Рим вчера и денеска јавниот превоз е зајакнат со дополителни автобуси, а две линии на метрото работат без прекин. На киосците и автобусите се закачени фотографиите на папите, идните светци.
Вкупно 19 видео бимови се поставени во градот, на кои церемонијата ќе може да се следи на неколку јазици: италијански, полски, шпански, француски и арапски.
Марино изјави дека само од Полска се очекуваат 1.700 автобуси, 58 чартер летови и пет специјани возови.
Распоредени се дополнително 2.400 припадници на специјалните полициски единици, бидејќи градските власти очекуваат дека е можно да има кражби.
Неколку илјади волонтери ќе им делат беплатни шишиња вода на туристите и верниците. На улиците на Рим ќе има и неколку стотици лекари од брзата помош.
Папите Јован Павле Втори (Карол Војтила) и Јован Дваесет и трети (Анџело Џузепе Ронкали) беа на чело на Римокатоличката црква меѓу 1978 и 2005, односно 1962 и 1965 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


