Кога во 2016 година ќе се заврши изградбата на облакодерпт во кинескиот град Гуангзoу, оваа зграда ќе ги има најбрзите лифтови на светот.
Финансискиот центар ЦТФ ќе има 95 ката, а возењето од приземјето до последниот кат ќе трае 43 секунди.
Брзината која овие лифтови ќе ја остваруваат изнесува 72 километри на час. За споредба, просечната брзина на лифтовите во облакодерите ширум светот најчесто се движи меѓу 8 и 35 километри на час.
Иако ќе се движат со огромна брзина на час, лифтовите ќе нудат пријатно возење до горните катови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.