Шеесет годишен скопјанец денеска околу 15.20 часот се обидел да си го одземе животот скокајќи од оградата на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје, во посредна близина на зградата на владата.
Од полицијата велат дека скопјанецот паднал на бетонскиот плочник под мостот и е повреден. Со возило на Итната помош е пренесен во Ургетниот центар, а причините за обидот за самоубиство, велат од полицијата се истражуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.