Лидерите на Групата 7 најмоќни земји на светот се заканија со воведување на дополнителни и уште поостри санкции кон Русија, објавено е на сајтот на Белата куќа, јави утринава украинскиот „Униан“.
-За да обезбедиме успешно и мирно одржување на претседателските избори во Украина, ќе воведеме жестоки санкции и мерки со кои Русија ќе плати висока цена за своите дејствија, се наведува во соопштението.
Групата 7 ги поддржа воените акции кои властите во Киев ги спроведоа на истокот на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.