Писмата кои убиецот на Ленон му ги испратил на полицаецот што го уапсил и во кои детално ја опишува својата опсесија од романот „Ловец во жито“ понудени се на продажба на аукција во Лос Анѓелес
Четири писма кои на полицаецот Стивен Спироу му ги испратил Марк Дејвид Чепман ги продава аукциската куќа „Моментс ин тајм“ која е специјализирана за историски документи и ретки списи, по цена од 75.000 долари.
Аукциската куќа ги продава писмата во име на Спироу, кој на 8 декември 1980 година го уапсил Чепмен кратко откако тој го застрелел Ленон пред неговиот дом.
Чепман писмата ги отчукал и ги потпишал, а напишани се вотекот на неколку месеци во 1983 година откако бил осуден на 20 години затвор.
Спироу поради повреда ја завршил својата кариера на полицаец во 1983 година, но како што подоцна соопшти писмата ги чувал повеќе од триесет години. Одлучил да ги продаде за да си го плати лекувањето, но и поради тоа што сметал дека јавноста треба да знае за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст