Вчера во 17:00 часот на граничниот премин Ќафасан, на излез од Република Македонија, по извршената пасошка контрола, лицето В.Т., албански државјанин, управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со албански регистерски таблици, во движење го оштетил и скинал држачот од камерата која била поставена над бараката за излез од Република Македонија, објави „Охрид прес“.
Во 18:10 часот увидна екипа од Полициската станица Струга извршиле увид, при што е констатирана само материјална штета. Оштетата ќе се наплати преку осигурителната компанија на товарното возило, а на возачот му е дозволен излез од Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.