| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Илиќ примен во болница

илик

Мирослав Илиќ е итно пренесен во Ургентниот центар.

Пејачот имал многу висок крвен притисок и му се слошило, па уплашеното семејство веднаш повикало итна медицинска помош, откако го прегледале итно е префрлен во болница. Поради здраствените проблеми пејачот го откажа и концертот во Бар.

Легендарниот пејач подолго време има проблеми со висок крвен притисок, но овој пат морал да побара медицинска помош бидејќи многу се исплашил за своето здравје:

-Јас имав проблем со хипертензија. Чувствував болки и завршив во Ургентниот центар. Се е во ред сега. Наскоро се вратам на работа и ќе ги продолжам настапите следната недела – рече Мирослав Илиќ, за српски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top