Барањето и потписите “МОСТ” ги доставил до Канцеларијата за образование во Булќиза, надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Министерството за образование на Република Албанија.
Друштвото сега ги чекаат институциите, а доколку не добијат позитивен одговор, најавуваат жалба кај сите албански и меѓународни институции и да ги употребат сите легитимни средства за реализирање на ова нивно легитимно право.
Македонците од Голо Брдо биле признаени од Албанската држава од 1945 до 1949 година. И во изводите од тоа време им била запишана националноста Македонец, а во тој период биле отворени и училиштата на македонски јазик, со македонски учители од Македонија.
„Мајчиниот јазик, којшто се зборува во Требиште, Голо Брдо е македонскиот јазик, а децата до седмата година не го знаат албански јазик и почнуваат да го изучуваат во училиште. Поради ова, здружението “МОСТ” бара да се воведи предмет за изучување на македонскиот јазик во основното училиште “Десет покојници” во Требиште“, пишува меѓу другото во барањето.
Петицијата на родителите, понатаму се наведува, е врз основа Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата, за добивање статус на земја кандидат за членство во ЕУ, и други конвенции и закони што таа држава ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата.
Од македонското друштво “МОСТ” најавуваат дека ќе продолжат со собирање потписи за воведување на македонскиот јазик и во општините Стеблево и Острени во Голо Брдо.
Областа Голо Брдо во Албанија е поделена на три општини – Требиште, Острени и Стеблево, и опфаќа 20 села населени со Македонци. Тука Македонците не се признати од страна на албанската држава и немаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, иако го зборуваат.
Од „МОСТ“ потсетуваат и на изјвата на албанскиот премиер Сали Бериша, при ланската посета на Македонија, кога на зедничката прес-конференција со премиерот Никола Груевски, на прашање за правото на Македонците да се образуваат на мајчин јазик изјави дека земјата ги има најдобрите стандарди според меѓународните документи за образување на малцинствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст