Управните служби на МВР низ целата држава ќе работат и во текот на денешниот и утрешниот ден и ќе ги примаат и одобруваат барањата за лична карта од 08:30 до 16:30 часот.
Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27 април), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 07:00 до 19:00 часот, но само за издавање документи.
Ова ќе овозможи сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на Избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, да извадат документи за да им биде овозможено гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.