Ова го истакна Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Велес.
-Во изминатите пет години не заборавив кој ми ја даде довербата. И затоа работев за народот на Република Македонија. Зад секоја моја одлука, зад секој мој искажан збор, секој мој изнесен став, и во земјата и во странство, стојат интересите на сите граѓани на Република Македонија. Затоа можев да кажам дека нема да дозволам да се зборува за нас – без нас. Дека нема да дозволам да се одлучува за нас – без нас. Затоа можев да ги спречам намерите преку грбот на Македонија да се поткусуруваат интересите на балканските држави, а цената да ја плаќа Македонија. Кажавме не – доста е. Имаме своја држава и мора да си ја почитуваме својата држава – истакна Иванов.
Слушајќи го вашиот глас, потенцираше претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кажав дека нема да прифатам промена на Уставот на Република Македонија, со цел промена на уставното име.
-Кажав во името на вашиот глас дека не прифаќам идеи, предлози што би му наштетиле на македонскиот национален интерес на македонскиот јазик, на македонскиот модел на соживот. Гласно кажав и во Обединетите нации и во Брисел и на сите меѓународни собири, дека нема ниту една држава, нема ниту една влада, ниту една сила, што може да им го спори правото на Македонците да бидат Македонци – образложи тој.
Иванов истакна дека во изминативе 5 години Македонија покажала како треба да функционираат институциите.
-Затоа гледаме земјоделци кои се задоволни во Македонија. Задоволни се земјоделците затоа што субвенциите им го менуваат нивниот живот. Гледаме родители кои се задоволни што нивните деца имаат квалитетно образование, имаат бесплатни учебници, имаат компјутери, имаат интернет. Гледаме пензионерикои се задоволни, затоа што, не само што редовно доаѓаат пензиите, туку и се зголемуваат. Гледаме спортисти, и тимови кои победуваат. Тимови кои на своите дресови го носат македонското знаме, гордоста на Македонија. Тоа што го работат спортистите го работиме и ние. Работиме тимски, напорно. И затоа резултатите се видливи – потенцираше Иванов.
Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на избори.
-Секој ваш глас е глас за Македонија, за иднината на Македонија. И во понеделник да кажеме дека Македонија напредува по патот на успехот. Македонија напредува заедно и сложно. Македонија е почитувана земја. Македонија е земја во која сите сме ние Македонија. И Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми и Власи, и Срби, и Бошњаци, сите сме Македонија – рече Иванов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



