| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватско финале во Белград, Цедевита и Цибона ќе играат за титулата на Јадранот

Хрватските екипи Цедевита и Цибона ќе играат во финалето на Јадранската лига во Белград, по победите против двата српски гиганти Партизан и Црвена Звезда во интересни и неизвесни мечеви.

Посебно драматично беше второто полуфинале вечерва, а Цедевита со неверојатниот кош на Нолан Смит во последната секунда го победи Партизан со 81-79.

Вчера Цибона ја изненади Црвена Звезда и неочекувано славеше со 75-70, против екипата што го освои првото место во регуларниот дел од Регионалната лига. Двете екипи што ќе играат за трофејот обезбедија директно учество во Евролигата на УЛЕБ за следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top