| четврток, 6 декември 2018 |

САД и ЕУ апелираат за мирни избори и продолжување на реформите и интеграциите

Граѓаните на Македонија во недела ќе гласаат за претседател и пратеници, се вели во заедничкото соопштение на Европската унија и Соединетите Американски Држави.

Транспарентни избори со кредибилитет се основа на сите демократии, се вели во соопштението кое се појави откако дел од медиумите и премиерот Груевски проговорија за информациите дека СДСМ разработува сценарија за изборни инциденти и непризнавање на изборните резултати.

Европската Унија и сад во своето обраќање порачуваат дека ОБСЕ/ ОДИХР  ќе го разгледаат целиот изборен процес кој што се базира на меѓународни стандарди и домашното законодавство.

Иако во писмото не се прецизира на кого се однесува барањето до  лидерите на политичките партии и релевантните државни институции да обезбедат атмосфера во која што сите граѓани можат да ја изразат нивната воља без притисоци и слободно, сепак интересно е е што оваа порака на меѓународната заедница доаѓа само неколку часа откако лидерот на СДСМ  не ја исклучи можноста опозицијата да ги отфрли резултатите од изборите изјавувајќи дека нема да биде алиби за потезите на власта и дека сите опции па дури и улична демократија се отворена опција.

ЕУ и НАТО индиректно најавуваат дека ќе ги признаат резултатите доколку биде повторена атмосферата од првиот круг.

„По неделните избори се надеваме на соработка со избраните лидери од власта и опозицијата во зајакнување на политичкиот дијалог со фокусирање на главните реформски приоритети со што земјата ќе се придвижи напред на патот кон евроатлансктие интеграции“, се вели во обраќањето до јавноста потпишано од дипломатските претставници на САД и ЕУ во скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top