| четврток, 6 декември 2018 |

САД и ЕУ очекуваат кредибилни и транспарентни избори

sad-500

Претставниците на САД и на ЕУ во Скопје ги повикуваа лидерите на политичките партии, како и релевантните државни функционери да обезбедат услови во кои сите граѓани на изборите во недела ќе можат да ја изразат својата волја непречено и слободно.

– Во недела, граѓаните на оваа земја ќе имаат можност да гласаат за да изберат свој претседател и претставници во Собранието. Кредибилни и транспарентни избори се носечки столб на секоја демократија. ОБСЕ/ОДИХР ќе врши проценка на целиот изборен процес, врз основа на меѓународните стандарди и на домашното законодавство – се наведува во заедничката изјава на Мисијата на САД и на Делегацијата на ЕУ.

По изборите во недела, се наведува во изјавата, очекуваме да работиме со новоизбраните лидери на земјата и со партиите во опозиција за зајакнување на политичкиот дијалог, фокусирајќи се на клучните реформски приоритети и движејќи ја земјата напред на патот кон евро-атлантска интеграција.

В недела на 27 април во Македонија ќе се одржи вториот круг од претседателските избори и предвремени парламентарни избори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top