Менаџерката на Михаел Шумахер, Сабине Кем за медиумите изјавила дека седумкратниот Ф1 шампион се разбудил од кома и реагирал на гласот на неговата сопруга Корина.
Сепак, неговата менаџерка не сакала да открива повеќе детали со образложение сака да го заштити неговото семејство од медиумскиот притисок.
Германецот уште пред неколку дена се разбуди од кома и покажа знаци на подобрување, но во свесна состојба останува кусо, а потоа пак „заспива“. Според лекарите тоа е нормален процес и тоа е знак дека работите одат на подобро.
Михаел Шумахер е во кома од 29-ти декември минатата година кога доживеа несреќа за време на скијање на француските Алпи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.