Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот, односно во сабота (26.04) низ цела република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 8:30 часот до 16:30 часот.
-Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27.04), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите Управни служби од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.