Иако победникот на „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, вчера изјави дека сѐ уште ги нема добиено парите и автомобилот што му следуваа како награда од шоуто, денеска во „Делта центар“ во Белград ги зеде клучевите од неговиот нов автомобил „мини купер“.
За време на доделувањето Даниел ја најави неговата прва песна како и балканска турнеја.
– Вредно работиме на мојата песна, верувам дека ќе биде готова до 23. мај кога почнува и нашата регионална музичка турнеја токму од Скопје, а сите кои ќе присуствуваат ќе имаат можност да ја чујат мојата прва песна – изјави Даниел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.