| четврток, 6 декември 2018 |

Петриќ ќе паузира еден месец

Десниот бек на РК Вардар Владимир Петриќ ќе отсусутвува од терените еден месец поради повреда на рамото. Тој оваа повреда ја заработи на тренингот пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Фленсбург. По извршените лекарски прегледи е констатирано дека се работи за дислокација на рамото и ќе мора да паузира еден месец. Тој нема да може да им помогне на своите соиграчи во реваншот против Фленсбург, кој се игра утре.
На списокот на повредени кај „црвено-црните“ се наоѓа и Стојанче Стоилов, кој има истегнати лигаменти на коленото и неговото враќање на терените, исто така, се очекува да биде за еден месец.
Овие двајца ракометари ќе го пропуштат реваншот со Фленсбург, како и натпреварите против Металург од домашното првенство, кои ќе решаваат за титулата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top