Викенд – идеално време за одмор. Доколку планиравте да заминете на чист воздух на планина, морате да ја држете ја ситуацијата „на око“. Метеопро објави прогноза за овој викенд.
САБОТА:
Облачно време. Намалена видливост на планините. Попладне локално со дожд и грмежи. Во западниот регион можни поинтензивни процеси.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2800 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м: Околу 9°С во западнот дел на земјата, околу 7°С во источниот.
Ветер на 1500м: Југоиточен, умерен. На потегот Кораб – Јабланица, југозападен слаб.
УВ индекс: 3
НЕДЕЛА:
Наутро умерна облачност. Попладне зголемување на облачноста со врнежи од дожд. Поголема веројатност за грмежи во западниот и централниот дел од земјата. Намалена видливост на планините.
Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2600 метри.
Температура на слој на воздух на 1500м: Околу 8°С во западнот дел на земјата, околу 7°С во источниот.
Ветер на 1500м: Југоиточен, умерен. Повремен засилен на Осогово. На потегот Шара – Јабланица, југозападен слаб.
УВ индекс: 3
За подетални временски прогнози прочитајте на Метеопро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.