Успеавте да ја препознаете разликата и пред ве недели, кога во првиот круг од претседателските избори извојувавме историска победа од над 120.000 гласови разлика. Граѓаните од цела Македонија знаат да направата разлика, но токму вие од изборнaта единица 2, најдобро разграничивте што е политика на надеж и перспектива, а што е политика на очај и стагнација.
Ова го истакна носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска во своето обраќање пред граѓаните.
Таа нагласи дека граѓаните се искусни и сакаат својот глас да го дадат не за празни зборови, туку за програма и проекти.
-Затоа ние излеговме со нова, најобемна програма досега. Вкупно 2046 проекти со точно дефинирани рокови за нивна реализација и точно дефиниран буџет – посочи Јанкулоска која напомена некои од новите проекти кои биле презентирани пред граѓаните.
Во таа насока Јанкулоска, нагласи дека токму за новите проекти граѓаните знаат дека не се само празни ветувања, бидејќи како рече, понудениот отчет е гаранција за остварување на проектите кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е, додаде носителот на листа во ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ, разликата меѓу нив и СДСМ.
-Тие знаат дека нивниот погрешен концепт ќе биде поразен. Наше е да се обидеме тоа да им го објасниме на што е можно поголем круг на луѓе. Да им укажеме дека гласот даден за СДСМ или за друга помала политичка партија е глас во празно. Гласот даден за Пендаровски е глас во празно. Гласот даден за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“е глас за најмалку 62 пратеници во Собранието, кои ќе гарантираат реализирање на ветените проекти – нагласи Јанкулоска посочувајќи дека довербата од граѓаните ќе им даде енергија и мотив да продолжат заеднички да градат сигурна иднина.
Таа им се заблагодари на сите граѓани за топлиот прием при сите одржани средби и ги повика на 27-ми април, во недела, да го дадат својот глас за подобра иднина на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



