| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец со закани кон сограѓанин да гласа за неговата партија

СВР Охрид поднесе кривична пријава за Н.У. (39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело повреда на слободата на определување на избирачите.

Вчера пријавениот вербално му се заканувал на сограѓанин присилувајќи го него како и лицата блиски до него како да го извршат односно остварат своето избирачко право во интерес на една политичка партија.

Пријавениот за да придобие гласови, заканувајќи се на висок тон, барал нивното избирачкото право на 27 април да биде во интерес на една политичка партија и со сериозна закана извршил притисок како треба да се изврши и оствари избирачкото право и кое редно бројче треба да се заокружи на гласачкото ливче.

Н.У. е лице познато на службата против кого и досега, по повеќе основи, биле поднесувани кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top