Во текот на 2013 год. АД МОДА Св.Николе оствари производни и финансиски резултати кои се едни од најдобрите во текот на нејзиното постоење, објави компанијата во информација доставена до Македонска берза.
Позитивните резултати во најголем дел се должат на соработката со германската компанија “Casa Moda Heinrich Katt” преку која бил остварен извоз на 1.096.025 машки кошули во вредност од 3.880.073 ЕУР, кој е за 14,8% подобар од минатогодишниот.
Остварената продуктивност, изразена преку остварен девизен прилив на 1 работен час, изнесува 4,15 ЕУР/час и е подобра за 4.5% во однос на минатогодишната. Ваквото остварување е резултат на зголемениот обем на продуктивни часови кои во 2013 год. изнесуваат 935.966 работни часови и се за 10% повеќе од минатогодишните и подобрата продуктивност за 4,5%.
Остварена е бруто добивка во износ од 61.067.543 денари, што преставува зголемување за 52% во однос на 2012 год. Зголемувањето на добивката е резултат на зголемениот приход од извоз во услови на задржување на расходите за работење на ниво од минатогодишните.
Нето добивката на оваа компанија остварена во 2013 год. ќе се распредели за зголемување на трајниот капитал, односно како акумулирана добивка. Во исто време, на Собранието на акционери закажано за 16 мај, треба да донесе одлука од акумулираните нераспределени добивки од минатите години на друштвото до 31.12.2008 год. да се распредели дивиденда во вкупен бруто износ од 57.962.913 денари.
Висина на дивидендата ќе изнесува 36,438 денари нето, односно 40,487 денари бруто, за една акција, а ќе се исплаќа во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.