| четврток, 6 декември 2018 |

Распишан конкурс за најдобар бизнис-план за студентите

Der Euro kommt: Ab 1. Januar 2002 offizielles Zahlungsmittel
Хјундаи и JA-YE Europe во соработка со Економско образование на млади менаџери -Junior Achievement – Македонија распишуваат конкурс за најдобар бизнис-план кој ќе им помогне на студентите од Македонија да ги претворат своите бизнис идеи во реалност.

Преку иницијативата „Брилијантни млади претприемачи” (Brilliant Young Entrepreneurs) најдобриот бизнис-план кој ќе демонстрира иновација, ефективно планирање и потенцијал во реалниот свет ќе добие рекордни средства од 15.000 евра со кои ќе може да почнe сериозен и конкурентен бизнис. Покрај паричната награда, победничкиот тим ќе добие и консултантски услуги од страна на економски експерти од овластениот претставник на Хјундаи за P. Македонија, „Кореја аутотрејд“.

Цел на проектот е поттикнување на младите да ги искористат сопствените вештини на иновативен начин за да се поттикне нивниот претприемачки дух и можноста за самовработување.

Право на учество имаат студенти од сите факултети на возраст од 18 до 30 години, кои се на додипломски, магистерски или докторски студии.

Краен рок за поднесување на бизнис-планот е 1.5.2014 година на е-пошта: competition.jam@gmail.com.

Доставената апликација ќе биде разгледана од страна на стручно жири и подносителите ќе бидат информирани за статусот на апликацијата најдоцна до 10 мај.

Најдобрите пет бизнис-планови ќе бидат поканети да ги презентираат своите идеи пред стручно жири на 24 мај оваа година во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top