На петгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ семејствата на загинатите и делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на Армијата, воздухопловната бригада положија венци со цвеќе на спомен обележјата пред командата на вВИНГ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.
Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на денешен ден пред пет години полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ околу 9 часот и 30 минути од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.
Од Јавното обвинителствово 2011 година информираа дека нема да биде поведена кривична постапка за хеликоптерската несреќа, бидејќи не постои основано сомнение за сторено кривично дело.
Единствена причина за падот на армискиот хеликоптер, според државното јавно обвинителство, е необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови, потврдено и во Извештајот од британскиот воздухопловен експерт Едвард Пули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст