
Активистката на Пакистан, Малала Јусанфзаи, германската канцеларка Ангела Меркел и црногорската концептуална уметница Марина Абрамовиќ се меѓу 41 жена што влегоа во пописот на 100 највлијателни луѓе во светот што го подготвува списанието „Тајм“. Станува збор за најголем број жени кои досега успеале да влезат во листата на 100 највлијателни личности.
Американската пејачка Бијонсе вторпат е во изборот на „Тајм“, а оваа година е и на насловната страница, а некогашната државна секретарка и можна кандидатка за претседател на САД во 2016 година, Хилари Клинтон, по седми пат е на листата на која се наоѓа и поп-ѕвездата Мајли Сајрус.
Ова е рекорд досега во изборот на „Тајм“, меѓу стоте највлијателни да има 41 жена. Во 2012 година бројот на претставнички на женскиот пол беше 38.
На листата на „Тајм“ се и рускиот претседател Владими Путин, американскиот Барак Обама, Едвард Сноуден, поранешниот вработен во американската национална агенција за безбедност, тенисерката Серена Вилијамс, претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, актерот Роберт Редфорд, Кристијано Роналдо, папата Франциск…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


