| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките медиуми највуваат „удобна победа“ на ВМРО-ДПМНЕ

 vesnici

На изборите в недела во Македонија се очекува удобна победа на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски и реизбор на Ѓорге Иванов како претседател на земјата, пишуваат грчките медиуми, јавува дописникот на МИА од Атина.

Весникот „Та Неа“, повикувајќи се на „политички аналитичари во Скопје“, пишува дека „се очекува на изборите в недела коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само да го потврди резултатот од последните парламентарни избори во јуни 2011 година, кога освои 56 пратенички места, туку и да го зголеми бројот на евентуални 62 пратеници, што би значело самостојност во македонскиот парламент кој брои 123 места“.

Според весникот, се очекува опозициската коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на Зоран Заев да добие помалку гласови во споредба со последните парламентарни избори на кои освои 42 места во парламентот.

Грчките медиуми информират дека кај албанските партии се очекува да надвладее владејачката ДУИ Али Ахмети, „која, наводно, има јасна предност во однос на опозициската Демократска партија на Албанците (ДПА ) на Мендух Тачи“.

Весниците потсетуваат и дека во недела ќе се одржи вториот круг од претседателските избори на кои Иванов „речиси сигурно ќе обезбеди уште еден мандат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top