Култната претстава „Буре Барут“ во петок вечер премиерно ќе биде изведена на сцената на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински“. Текстот е на Дејан Дуковски, а претставата е во режија на Наташа Поплавска која изјави дека дваесет години имала желба да постави текст на Дуковски на сцена. Сезонава ова е прва премиера на прилепскиот театар, а претставата ќе се изведе и во сабота вечер. Во претставата играат Игор Трпче, Даниела Иваноска, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска, Александар Степанулески, Наташа Наумоска, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Maрјан Чакмакоски, Марија Спиркоска-Илијеска, Зоран Иваноски, Михајло Миленковски. Дизајнот и сценографијата се на Емил Петро, костимограф е Александар Ношал, а музиката е на групата Мизар.
„Буре Барут” во Македонскиот народен театар првпат беше изведена беше пред 20 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст