| четврток, 6 декември 2018 |

Утре не очекува нестабилно и врнежливо време

И утре продолжува трендот на нестабилно време. Повремен дожд и грмежи се очекуваат во текот на денот, особено во попладневните и вечерните часови.

Локално, овие атмосферски процеси ќе донесат поинтензивен дожд и засилен ветер. Поголема веројатност за оваа појава има во западната половина од земјата.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност околу 9°С.

Дневниот максимум на температурата ќе биде малку понизок во однос на претходниот ден. Максимална температура околу 18°С се очекува во поголем дел од земјата, а за нијанса потопло, до 21°С, ќе биде во гевгелискиот регион.

Во Скопје повторно се очекува нестабилност во текот на која ќе донесе и врнежи од дожд, но и грмежи.
Температурата наутро ќе се спушти до минимални 10°С. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 19°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top