Во Штип, брутално силувана 20-годишна студентка на медицина, објави порталот „Во Штип“. Рано утринава таа е донесена во Клиничката болница, каде е задржана на понатамошно лекување.
Извори за телевизија Стар појаснуват, дека девојката е во шок и одбива секаква комуникација, дури и со најблиските.
Неа утринава ја прегледале лекари – специјалисти по различни области и констатирале дека таа била жртва на силување, а дезориентираноста , упатувала на сомнеж и за можно нејзино дрогирање.
Засега е непознато каде и кога бруталниот чин се случил. Според информации до кои дојде ТВ Стар, девојката синоќа била на студентска забава. Таму се забавувала со свои блиски пријатели и колеги од факултет, а освен сок, се пиело и алкохол. По ова, девојката, заминала во друштво на неколкумина, но каде завршила, се’ уште, не знае никој.
Ова го остава отворено и прашањето дали таа била жртва на еден или повеќе насилници. Засега, одговор на ова нема ниту полицијата, од каде потврдија дека имаат дојава за хопситализирана девоја, но другите детали засега остануваат непознати.
Блиски на девојката и челнови на нејзиното семејство, одбиваат секаков коментар, а нашите обиди да дојдеме во контакт со нив, завршија без успех. Вратите останаа затворени , а телефоните исклучени.
Инаку, станува збор за студентка која е втора година на медицинскиот факултет во Штип.Повеќе детали од полицијата се најавуваат за наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст