Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски денеска оствари средба со граѓани во Тетово. Тој го посети Здружението на слепи, Здружението на глуви и Здружението на Воени Инвалиди. На средбите тој ги потенцираше реализираните проекти на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на квалитетот на живот на овие лица.
-Во централни локации низ неколку градови ќе се постават автомати каде што граѓаните врз база на електронска идентификација ќе можат да добијат повеќе услуги и документи од типот на извод од матична книга, имотни листови, документи од Централниот регистар, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Катастарот и другите. Автоматите ќе бидат поврзани преку интернет до оние институции што ги издаваат своите услуги електронски. Граѓаните ќе можат преку платежна картичка да ја платат услугата и дополнителни услуги како вода, струја, телефонија итн. Особено ќе бидат корисни во општини каде што нема подрачна единица од централните институции и граѓаните постојано треба да патуваат до најблиската канцеларијаистакна Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Стефан Влахов Мицов: Владата почна да издава извод на родени без зборот Република Македонија
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси