Крупна компанија чие светско седиште е во Кина, а европското седиште им е во Минхен ќе инвестира во Македонија и ќе вработи 5.000 нови луѓе, истакна денес во вестите на Канал 5 премиер Никола Груевски.
Компанијата „Веибо груп“ од минатата година контактира со македонската Влада, а прв пат лани во декември ги донел министерот Хади Незир, по што се вклучиле Виктор Мизо и потпретседателите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.
Груевски посочи дека претставници на компанијата доаѓале повеќе пати во Македонија за конечно денеска на нивната веб страна и официјално да ја објават конечната одлука да инвестираат во Македонија.
-Планот им е да отворат ткајачница, предилница, фабрара што значи враќање на базичниот текстил во Македонија, тоа изумре во Македонија во транзицијата, а покрај тоа ќе имаат и машка конфенција. Нивни клиенти се Масимо Дјути, Сакс фифт авенју, германски и други светски брендови, посочи Груевски во гостувањето на Канал 5.
Тој посочи дека компанијата своите капацитети планира да ги изгради на околу 40 хектари, со што нивната инвестиција за пет години би изнесувала 400 милиони долари, а почетната инвестиција ќе биде 180 милиони
Градбата на компанијата ќе започне во последниот квартал од годината, а ќе биде оперативна следната година.
-Тие практично ќе станат најголем работодавач во Македонија бидејќи планираат да вработат до 5.000 луѓе, тоа е огромна бројка и планираат да се стационираат некаде во североисточна Македонија на потегот помеѓу Крива Паланка-Ранковце, Куманово и Кратово затоа што сакаат да привлечат вработени од сите овие општини, нагласи Груевски.
Производството на компанијата ќе биде наменето за САД, Англија, Франција, Германија, Русија Италија, Шпанија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја, а извозот планираат да биде помеѓу 600-800 милиони долари во првите пет години.
Груевски додаде дека бројот на вработувања компанијата планира да го реализира во периодот од 4 години, а ќе биде најголемата интегрирана текстилна компанија за конфекција во Европа.
Премиерот во гостувањето во Канал 5 посочи дека значењето на оваа инвестиција е огромно бидејќи покрај најавените 5.000 директни вработувања, ќе има уште најмалку 1.000-2.000 индиректни вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст