И најдолгиот пат се оди со првиот чекор. Ние на овие избори го направивме првиот чекор. Во недела на 27ми Коалицијата за Позитивна Македонија ќе има пратеничка група и ќе биде неминовен партнер во Владата на Република Македонија, порачаа од Коалицијата за Позитивна Македонија на синоќешниот голем предизборен митинг во преполната спортска сала во Автокоманда.
Коалицијата најави дека нивниот проект за 100.000 нови вработувања сигурно ќе биде остварен, затоа што како што велат тие, останатите политички партии веќе ја имаат прифатено нивната програма со тоа што ја копираат на нивните митинзи и собири.
Позитивците порачаа дека од Македонија младите си одат без збор, а на испраќање велат нема перспектива. А една силна Влада тоа не смее да го дозволи, силна Влада не може ништо да ви одземе, а може само да ви даде, една силна Влада е креативна влада, порачаа тие на синоќешниот митинг.
Зиков потенцираше дека суштината на слободниот либерализам, на слободниот човек е тој едноставно да се чувствува комотно во своите панталони. Слободен човек е финансиски слободен човек, слободен човек е онај кој живее сам од својаа професија, од својот труд и способност.
– Јас сонувам за Македонија на среќни граѓани, Македонија на самовработени граѓани, креативна Македонија. Сонувам за Македонија која младите луѓе ќе ја земат во своите раце и ќе ја донесат пред портите на Европска Унија. За се има решение, ние имаме решение, но не сакаат да не слушаат во оваа кампања. Ова е мој одговор, мој револт на недостатокот на дебати во текот на изборниот процес. Со овој потек владеачките партии покажаа дека се слаби луѓе – додаде Зиков.
– Се изнаслушавме приказни дека треба да правиме разлика, па доста и е на Македонија од правење разлики, сега е време да ги обединиме различностите, сега е време за една поинаква Позитивна Македонија. Се изнаслушавме и од оние другите дека било време за нови почетоци, дајте заедно да направиме нешто за Република Македонија. Не е време Република Македонија постојано и постојано да се враќа назад и да има нови почетоци. Дајте да се обединиме и да признаеме дека заедно сме посилни, време е за континуитет, да подадеме нешто добро и заедно да продолжиме сите заедно кон Позитивна Македонија – рече Бучковски.
Бизнисменот Минчо Јорданов, еден од основачите на оваа политичка опција, рече дека Македонија се движи напред, меѓутоа КПМ со нивната програма сакаат да го забрзаат овој напредок. Тој најави дека АПМ ќе се бори против радикалното и ќе се бори за доброто на обичниот граѓанин.
– За нас власта не е цел сама по себе, туку власта е инструмент да се обединат сите фактори за доброто на граѓаните. Нашиот тим е спој на младост, ентузијазам и искуство. Ние не велиме ајде да влеземе во власта за да зафатиме едно работно место. Напротив, овие луѓе имаат секогаш каде да се вратат – изјави Јорданов.
Пред присутните, освен носителите на листите на КПМ, се обратија и академскиот сликар Петар Попчев, се обратија и Рубин Земон потпретседател на Главниот Одбор на АПМ и Ениса Реџовиќ од Унијата на жени на партијата.
Земон потенцираше дека на Македонија и е доста од етноцентризам, говор на омраза и дека тие се борат токму против овие појави во политиката, со позитивните политики кои ги промовираат.
Ениса Реџовиќ пак кажа дека е време на жените да им се даде еднакво место во општеството, а тие се борат токму за тоа.
Останатите носители на изборните листи на КПМ, Игор Камбовски во петка, Илија Николовски во тројка, Дане Јованов во четворка и Џевџет Халими во шестка порачаа дека нивната коалиција е политичката опција што ќе ги донесе промените во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Груевски: Како влада направивме многу за Струмица и Струмичко
-
Толку од ветувањата за чист град: СДСМ го преполни Скопје со ѓубре (галерија)
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Струмица (живо)






