
Огромно изненадување од Бихаќка – Радмила Шеќеринска соопшти кој е оперскиот адут на опозицијата пред парламентарните избори.
„Бочели, Доминго и Карерас доаѓаат во Македонија, доаѓаат да ја дадат својата поддршка за СДСМ и да изведат сплет на ора и танци проткаени со убава песна во поддршка на Социјал-демократијата во Македонија“ – вака го започна информативниот дел од мултимедијалната прес-конференција потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска кој следеше после нејзиниот 4-минутен настап заедно со гудачки квартет. Гудачите ја свиреа „Пролет“ од Вивалди, а Шекеринска облечена во индијанска носија со дајре во раце изведе танц за повикување на политичка пролет во Македонија.
После експлозивните четири минути, таа ги соопшти радосните вести за цела опозиција.
„Околу репертоарот сѐ уште не сме ги допрецизирале работите, но ќе им ги кажеме песните до утре-задутре, за да имаат време да ги повежбаат. Она што е сигурно е дека ќе бидат облечени во комбинација на традиционална со модерна облека, бидејќи сакаме да пратиме порака до гласачите и целиот свет… Не таква порака Зоки, остај го телефонот…како што реков, бидејќи ние ги почитуваме традиционалните вредности но сме за европска Македонија, тенорите ќе бидат облечени во „армани“ панталони и бела свилена кошула со карнери, а ќе имаат народен појас, елече и капа кои ни ги донираат, испрани се разбира,членовите на едно играорно друштво кое сѐ уште не е влезено во Гинис, но здравје боже, ќе биде“, образложи Шекеринска.
Неофицијално, дилемата е биполарна: Според една струја во партијата Бочели, Доминго и Карерас треба да ги испеат „Млада Партизанка“, „Од Вардара па до Триглава“, „По шумама и горама“ и една влашка песна по избор. Според попрогресивните сили, тенорите треба да настапат со мегамикс: „Црвени рози за вас мадам“ на Томислав Маниќ, „Чија је оно ѕвјезда“ на Здравко Чолиќ, „Вреди да се штеди“ (кавер на „Крени према мени“) и „Дојди ми Лино на знамево сино“, уште една модерна преработка на еден македонски шлагер испеан од Драган Мијалковски.
Овој неочекуван потег на СДСМ доаѓа како џокер од ракавот веднаш откако владеачката партија промовираше 4 видео снимки на кои хористи пеат модифицирани народни песни и химната на Македонија, во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
За СДСМ овој потег на ВМРО-ДПМНЕ е нечовечки, насилен кон вработените хористи во МОБ „кои не смее да пеат за владеачката партија, туку за опозиционерите, како што пишува во сите учебници за хорско пеење“, нетолерантен кон народната песна која „се сквернави за дневнополитички потреби“ и фалсификат бидејќи „на една од снимките во еден момент еден од машките пејачи промашува-фалшира за половина степен еден тон“, како што стои во официјалната реакција на СДСМ за овој новитет во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ама ако сакаат така /со пеење/, ево им га на! Да се знае кој се е про-сдсмовски расположен во светот. Квалитетот, квалитетот господа, ко и увек! Најшема пејачите баце. Штета, штета што Бочели, Доминго и Карерас немаат македонски пасоши па да гласаат за нас на престојните избори… сигурни сме дека да бевме ние на власт ќе аплицираа за македонско државјанство бидејќи ние сме покажале дека знаеме од оваа земја да направиме рај кој ќе биде посакувана дестинација и за ваквите големи ѕверки во светот на музиката, а не таму некоја стока од наш факултет да ми игра оро као глушец коа мачките ги нема у близина“, вели еден од советниците за квалитетна музика од опозицијата кој побара да остане анонимен, бидејќи така бил навикнат.
Според нашиот извор имало обиди и за враќање на Павароти на музичката сцена како четврт член во тенорската дружина, но не бил достапен на својот мобилен телефон, после што од партијата му пратиле писмо во кое му простуваат што во моментот не може да дојде бидејќи сигурно има некоја работа која му се чини поважна од тоа да пее за новата прогресивна политичка сила во Македонија, како и дека се радуваат на можноста еден ден сепак да го слушнат во живо.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


