| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков: Ние ќе бидеме камчето во чевелот на идната влада

Коалицијата за позитивна Македонија ќе освои доволно мандати за да формира пратеничка  група и да влезе во идната Влада. Ние ќе бидеме камчето во чевелот на идната влада, независно од тоа дали ќе ја формира Груевски или Заев, најави претседателот на Алијансата за позитивна Македонија Љупчо Зиков на митингот кој се одржа во спортската сала во Автокоманда.

AlijansaApr_5670

Зиков изјави дека е сигурен дека КПМ ќе влезе во идната Влада, доколку победникот ја прифати нивната програма.

-Но сите веќе ни ја прифатија програмата, ете сите ни ја копираат и нашите зборови ги цитираат на нивните митинзи и средби – рече Зиков.

AlijansaApr_395

На митингот подршка на Коалицијата за позитивна Македонија ѝ дадоа ракометарите на скопски Металург и нивниот тренер Лино Червар, кој изјави дека Македонија заслужува да биде во Европската унија и НАТО затоа што овде живее вреден и добар народ.

AlijansaApr_4670

Освен ракометарите на Металург и нивниот тренер Червар, поддршка за КПМ даде и академскиот сликар Петар Попчев, кој рече дека никогаш не бил член на никоја политичка партија и дека за првпат се пронаоѓа во платформата на КПМ.

Коментирајќи го слоганот на ВМРО – ДПМНЕ, Владо Бучковски изјави дека на Македонија ѝ е доста од правење разлики и дека е време политичките сили да се обединат за една поинаква, позитивна Македонија.

AlijansaApr_1670

– Се изнаслушавме и од другите дека било време за нови почетоци, дајте заедно да направиме нешто за Република Македонија. Не е време Република Македонија  постојано и постојано да се враќа назад и да има  нови почетоци. Дајте да се обединиме и да признаеме дека заедно сме посилни, време е за континуитет, да подадеме нешто добро  и заедно да продолжиме сите заедно кон позитивна Македонија – изјави Бучковски.

AlijansaApr_3670

Коалицијата за позитивна Македонија уште еднаш ги претстави своите носители на изборните листи во изборните единици, а се обрати и бизнисменот Минчо Јорданов, кој уште еднаш побара сплотување на политичката сцена и кажа дека е доста од поделби.

AlijansaApr_2670

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top