| четврток, 6 декември 2018 |

Ансамблот „Танец“ вечерва ќе настапи во Струга

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечерва ќе одржи концерт насловен „Душата на Македонија“ во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Освен во Струга, овој реномиран професионален фолклорен состав, по повод 65-годишнината од постоењето, годинава ќе одржи повеќе од 25 концерти во Македонија. На 5 јули ќе настапи во рамките на „Скопско лето“, а, според најавите, ќе се претстави и на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Танец“ е основан во 1949 година и со своето долгогодишно постоење е симбол на македонската култура и уметност. Ансамблот досега има одржано повеќе од 3.500 концерти, се претставувал на фестивали, како и на други културни манифестации во земјава и надвор од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top