| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со граѓаните на општина Кисела Вода и Драчево

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов денеска ја посети скопската општина Кисела Вода и се сретна со жители на населба Драчево, село Драчево и
населба Кисела Вода.

ivanov_2

Тој им се заблагодари за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повика масовно да излезат и во вториот круг на 27 април.

Ги претстави своите програмски цели, меѓу кои Македонија економски силна и развиена држава, која обезбедува иднина за младите и можност за работа.

Во рамки на посетата на Драчево, Иванов го посети локалниот пазар и Споменикот на бранителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top