Спасувачките екипи се во потрага по седуммесечно бебе и тригодишно дете кое, како што пренесува српската Дирекција за итни случаи, паднале во реката Турија, во близина на селото Банковац, во околината на Ниш.
– Селаните го пријавија случајот во 10:40 часот. Противпожарни екипи се на теренот и ја пребаруваат реката. Сѐ уште не се знае што точно се случило – изјави началникот на нишката Управа за вонредни ситуации Жарко Дамјановиќ.
Според неофицијалните информации на српски „Блиц“, мајката зедно сп двете деца се движела по течението на реката кога тригодишното момче паднало во водата. Таа се обидела да го спаси, но и таа со бебето во раце паднала внатре.
Поради силните врнежи и топењето на снегот кои предизвикаа поплави низ цела Србија, во неколку општини, меѓу кои и оваа каде се случила несреќата, е прогласена вонредна состојба.
Стотици граѓани се евакуирани поради невремето кое веќе трет ден предизвикува штети низ земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.