Вчера во СВР Тетово вработен во Државниот тетовски универзитет пријавил дека студентот И.А.(24) од с. Копаница, скопско доставил уверение за добивање диплома на Филолошкиот факултет со сомнителна веродостојност.
Откако провериле во факултетската евиденција, службите на Универизитетот утврдиле дека уверението не било заведено под тој број и дека најверојатно станува збор за фалсификуван документ, па веднаш го пријавиле случајот.
Во полициската станица во Тетово приведен е И.А. и уште четири други лица поради сомнение дека се инволвирани во случајот, додека уверението е одземено и ќе се вештачи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


