| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов акција за засадување дабчиња „Да растеме заедно“

Целта на акцијата „Да растеме заедно“ е да го направиме градот ЗЕЛЕН и да ја поттикнеме свеста кај децата за љубовта кон природата.

Настанот ќе се одржи в сабота, точно на пладне, во Градинарскиот центар Фоја ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје бр. 152 А, Скопје, каде ќе имаме можност да садиме дабчиња од желади. Стручните лица од Градинарскиот центар Фоја, ќе ги запознаат присутните подетално за процесот на создавање и развивање на дрвото од еден желад . Целта е децата  самите да засадат желад во саксија на која ќе стои нивното име. Секоја саксија ќе го носи името на детето и ќе може во текот на целата година да го посетува и да го следи растењето на своето дрвце. Идејата е децата да видат дека процесот на растење е дел од еден животен циклус и дека дрвјата се непроценливо богатство за кое треба сите ние да се грижиме.

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и претставува вистинско природно богатсво на нашата Македонија. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ.

Дабот благодарение на својот изглед, издржливост и долготраен живот, се смета за симбол на моќта, издржливоста и долговечноста. Тој му припаѓа на добрите, на чистите и светите дрвја, а македонскиот народ во дабот отсекогаш гледал како на свет знак, полн со живот.  Неговите лисја содржат апотрепејски својства и лековита моќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top