Премиерот Никола Груевски на митингот пред жителите на скопската општина Бутел предупреди за манипулациите и лагите на СДСМ кои, според него, ќе следуваат по завршување на изборите.
-Се виде народот на кого ја дава довербата. Го слушам претседателот на СДСМ, оној поставен од Бранко Црвенковски, подготвува терен како и во првиот круг да кажат ако изгуби СДСМ дека изборите не биле регуларни. Секогаш кога СДСМ е на власт, изборите се регуларни, а кога се во опозиција тие се нерегуларни. И така и сега најавуваат, отворено зборуваат дека и овој пат ако не победат ќе ги прогласат за нерегуларни, истакна Груевски.
Тој додаде дека СДСМ нема поднесено ниеден приговор до Државната изборна комисија околу нерегуларностите на изборите.
-Во првиот круг им го гледам паметот, заборавија барем една забелешка да достават до Државната изборна комисија, немаат ниту еден приговор од СДСМ. Ниту еден не стигна во дик за нерегуларности на изборите. Заборавија барем за алиби да достават 50-100 забелешки да има простор за лагите што ги кажаа и да се темели нивното кажување за нерегуларните избори. Толку им е паметот, толку е насобран тој гнев, толку е нервозата насобрана што забораваат и лагите да ги поткрепат со алиби, изјави тој.
Премиерот повика на масовна излезеност и двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, победа на Ѓорѓе Иванов за претседател и победа со 62 места во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии