| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на средби со жителите на Могорче и Косоврасти (фото)

poposki
Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ги посети селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти, каде што имаше средби со жителите на овие населени места.
poposki6
Во Могорче, заедно со оџата, Попоски ја посети џамијата, по што оствари средби со граѓани и пиеше чај во локалната чајџилница. Во Долно Косоврасти, тој се сретна со жителите на ова село и ја презентираше програмата “Проверено” на ВМРО- ДПМНЕ, а во Горно Косоврасти покрај промоцијата на програмата и средбите со локалното население, тој го посети и тамошното Основно Училиште.
poposki5
Во изјава за новинарите, Попоски го презентираше проектот “Вработувања на самохрани родители, деца без родители, родители на деца со посебни потреби, млади лица од 27-29 години, лица од 50-62 години на кои рабoтниот однос им престанал врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок”
poposki4
– Цел на оваа мерка е да ја поттикне побарувачката на работна сила и вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Се предвидува субвенционирање на вработување за секое лице за бруто-плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци). Во 2014 година ќе бидат опфатени 587 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на АВРМ, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд.
poposki1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top