| четврток, 6 декември 2018 |

Кој знак сексуално ви одговара

Овен

Овен со Овен? Може, само ако сакате жесток секс по жестока кавга . Бикот и Ракот ве гледаат низ розови очила, а Вагата е онаа со која би живееле до крајот на животот.

Бик

Ракот сака само да се гали, Девиците ви се здодевни, а Скорпиите само за една ноќ. Но, комбинацијата Бик со Бик е брилијантна. Во кревет по цели денови и ноќи. Дали само за одмор или од оној најслаткиот умор, вам ви е сѐ едно.

Близнаци

Вие и Стрелецот сте како две парчиња од сложувалка кои совршено се спојуваат. Само да не постоеше една Водолија, која може целосно да ви ја заврти главата. Со Овен секогаш има шанса за огномет од страсти, но, за жал , тоа никогаш не трае долго.

Рак

Лавовите секогаш знаат да ви ја кренат самодовербата, а потоа да ви предизвикаат лавина на емоции. Скорпија секогаш знае да ви приреди жешка афера и вкусување на забранетиот плод, но Јарец секогаш ќе биде вистинскиот.

Лав

Се разбира дека сакате оган и страст, но дури и за вас Овенот е премногу. Со личност вашиот знак може да направите вистински тандем за игри без граници, но Водолијата секогаш е подобар избор. Девица ви буди дијагонално спротивни чувства, од привлечност до досада.

Девица

Овенот е само за една ноќ. Со Близнаци ќе го имате најдобриот секс во вашиот живот, Рибите се интересни, на крајот на дено луди. Оној што ќе успее да ве однесе на романтична вечера, а утрото до незаборавен оргазам е Јарецот.

Вага

Со Лав би можеле да бидете среќни само ако тој ги заборави своите мачо манири. Скорпија според вас бара премногу, а Бикот е одличен пријател, но само тоа. Водолијата секогаш ви носи пеперутки во стомакот, но дали е тоа доволно?

Скорпија

Бикот ви е фасцинантен, но неговата опсесија и страст можат да бидат опасни. Ракот отсекогаш ве привлекувал, но со него и премногу добро не е на добро. Овенот е интересна спојка за вас, сепак егото е доста силно. Можеби најдобар избор е Лавот.

Стрелец

Сексот со Скорпија е одличен за подигнување на самодовербата, Вагата е пресентиментална за ваш вкус. Стрелец со Стрелец може да биде најгламурозната двојка во градот, но Риби е она што ви е судено.

Јарец

Овнот е интересен и ви дава слобода. Што повеќе? Со Биковите има шанса да сте на седмо небо. Стрелецот ќе ви кажува бајки кои нема да ги  реализира, а Рибите ви се откритието на годината – разиграни и возбудливи, исто како вас.

Водолија

Со Близнаци непрестанато можете да експериментирате во креветот, но Водолијата ве прави да лебдите три метри над небото. Ракот ви дава сигурност, но не го бива меѓу чаршавите. Избегнувајте го Лавот.

Риби

Лавот ве гледа како секси божица, а со Скорпијата би снимиле и порнофилм. Со Стрелеците може да го освоите светот, но не заборавајте да им дадете да дишат, во Јарец ќе најдете или добар пријател или љубовник, често и двете истовремено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top